Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на социјалната мрежа Истина за да објави дека утре вечер може да очекуваме нешто важно.

„Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е“, напиша тој на социјалната мрежа „Вистина“.

За потсетување, Доналд Трамп утре пред Конгресот ќе зборува за својата визија за САД и светот, првпат во вториот претседателски мандат, а во своето обраќање под слоганот „Америка на прво место“, како што е најавено, ќе ја изрази својата намера да го прошири своето влијание врз државниот апарат.

Говорот на Трамп ќе се одржи во вторник во 21 часот во Капитол во Вашингтон, нешто повеќе од еден месец по неговата инаугурација под куполата на зградата и повеќе од четири години од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи го нападнаа Конгресот по поразот на Трамп на претседателските избори од Џо Бајден.

Искуството од неговите претходни обраќања во Конгресот покажува дека тој инсистирал членовите на тоа тело да ја усвојат неговата агенда, но тоа нема да го сторат сега, пишува агенцијата АП.

Трамп има намера да ја преобликува федералната влада без да мора да се консултира со законодавната гранка, што е отстапување од неговите претходни обраќања до Конгресот, кога тој конкретно побара од пратениците да го поддржат во многу од акциите што сега ги презема еднострано, посочува АП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема бура во САД, се затвараат училишта и магистрали, се откажуваат летови

Горан Наумовски

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Кина ги престигна САД

ВИДЕО: Пукање на имотот на Трамп: Убиен 20 годишен маж

Предраг Петровиќ

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум