Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил информиран за извештаите дека новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец, нарекувајќи ги таквите тврдења „лош почеток за водење исламска теократија“.
На прашањето на „Фокс њуз“ дали американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) го информирала за обвинувањата, Трамп одговори потврдно, наведувајќи дека бил информиран дека Моџтаба наводно е хомосексуалец.
„Мислам дека многу луѓе го кажуваат тоа, што го става во лоша позиција во таа земја“, рече Трамп.
