Трамп: Тестирањето за коронавирус е преценето и прави САД да изгледаат лошо

Од:

Претседателот Трамп во интервју за Вол Стрит Џурнал објавено денеска вели дека тој лично смета дека тестирањето за новиот коронавирус е „преценето“, тврдејќи дека тоа довело до зголемување на потврдени случаи во САД.

„Тоа нè прави да изгледаме лошо“, изјави Трамп.

Способноста на САД да ги тестира и изолира пациентите кои се тестирани позитивни за коронавирусот, според здравствените експерти е клучна за земјата да може безбедно да ја отвори економијата.

Зголеменото тестирање може да доведе до поголем број потврдени случаи, но стапките на раст во Аризона, Јужна Каролина, Луизијана, Оклахома и Флорида во последните две недели не се припишуваат само на фактот што се направени повеќе тестирања.

„Јас лично сметам дека тестирањето е преценето, иако сметав дека создадов најголема машина за тестирање во историјата“, вели Трамп.

Тој исто така тврди, без да приложи докази, дека Кина можеби намерно дозволила вирусот да се шири надвор од нејзините граници за да ја оштети американската економија.

На прашањето за заштитните маски за лице, кои тој ретко ги носи во јавноста и покрај препораката на здравствените власти да го прави тоа, Трамп вели дека луѓето се загрижени околу маските, дека ја зголемуваат веројатноста да бидат заразени од вирусот.

„Тие го ставаат прстот на маската и ги симнуваат, а потоа започнуваат да ги допираат очите и да ги допираат носот и устата. И тогаш не знаат како се заразиле,“ рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Орбан: Претседателството на Трамп ќе предизвика нов бран на десницата во Европа