Трамп соопшти за победа во Пенсилванија

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека тој е победник на претседателските избори во Пенсилванија. Во порака денеска на Твитер, тој укажа дека немало можност да се видат 700.000 гласачки ливчиња.

-Во Филаделфија и Питсбург не ни беше дозволено да видиме 700.000 гласачки ливчиња, а тоа значи дека врз основа на нашиот голем Устав, победуваме во државата Пенсилванија, соопшти американскиот претседател.

Оваа сојузна држава е една од клучните и победата таму значи 20 добиени електорски гласа. Претходно, Апелацискиот суд на третиот округ на САД, ја одби жалбата на републиканците кои бараа гласачките ливчиња испратени по пошта на денот на гласањето во Пенсилванија да се признаат за неважечки.

Според конечните резултати објавени од американските медиуми, победник на изборите е демкратот Џо Бајден со вкупно добиени 306 електорски гласови. Републиканецот Доналд Трамп доби 232 гласа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив