Трамп со остра порака: „Ќе ги бомбардираме до смрт ако не потпишат“

Од:

Нападите во Ормутскиот теснец се најновиот развој на настаните во ескалацијата што се заканува да разгори целосна војна што беше запрена на почетокот на април кога двете страни (САД и Иран) се согласија на кревок прекин на огнот.

Трамп му рече на Треј Јингст од „Фокс њуз“ дека нападите наскоро ќе престанат, но дека тој ќе ги „бомбардира до смрт“ ако иранските лидери веднаш не потпишат договор со САД, напиша Јингст на X.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, го прикажа потегот како обид да се принуди Иран да потпише договор за прекин на конфликтот, кажувајќи им на новинарите за време на посетата на Централната команда во Флорида дека нападите „ќе ги унапредат нашите воени интереси, а исто така ќе ја подобрат и нашата дипломатска позиција“.

„Ќе ги удриме силно и се надеваме дека Иран ќе донесе правилна одлука“, рече тој.

– Ако треба да преговараме со бомби, ќе преговараме со бомби, рече Хегсет.

Би можело да ве интересира

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели