Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на зголемената агресија на Кина.

– Тајван ќе биде следен. Само погледнете го Тајван. Претседателот на Кина со задоволство го одмерува, истакна Трамп, пренесе „Фокс бизнис“.

На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“.

– Тие гледаат дека нашите лидери се некомпетентни и секако дека ќе го направат тоа. Сега е нивното време, додаде Трамп.

„Фокс њуз“ објави дека висока американска делегација пристигнала вчера во Тајван поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд