Трамп: Северна Кореја би можела да стане економска сила

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска соопшти дека „има одлични односи“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој, според него, подобро од кој било друг сфаќа дека без нуклеарното оржује Северна Кореја би можеле да стана голема економска сила.

– Поради својата локација и луѓето, таа има поголем потенцијал за побрз раст од која било друга нација, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој во објавата искажува пофалби и за кинескиот претседател Си Џинпинг, затоа што, како што наведува, „помогнал да се одржи вториот самит меѓу САД и Северна Кореја“.

Новата средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи на 27 и 28 февруари во виетнамскиот главен град Ханој.

Трамп во објавата најави дека за Ханој ќе отпатува во текот на утрешниот ден, додека Ким уште вчера со воз се упати кон главниот град на Виетнам.

– Двајцата очекуваме продолжување на напредокот од првиот самит во Сингапур. Денуклеаризација?, напиша Трамп на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета