Трамп сепак ќе го тужи Би-Би-Си и ќе бара најмалку една милијарда долари отштета

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела ќе покрене судска постапка против Би-Би-Си поради начинот на кој беше монтиран неговиот говор на Панорама, откако британскиот радиодифузер се извини, но одби да му плати отштета.

Трамп изјави пред новинарите на „Ер Форс Уан“, дека „ќе ги тужиме за отштета помеѓу милијарда и пет милијарди долари, веројатно некаде следната недела“.

Во петокот, Би-Би-Си издаде соопштение во кое се вели дека монтирањето на говорот од 6 јануари 2021 година ненамерно дало „лажен впечаток дека претседателот Трамп директно повикува на насилни дејствија“.

Би-Би-Си се извини, но додаде дека нема да плати никаква финансиска отштета.

Трамп изјави дека ќе разговара за ова прашање со британскиот премиер Кир Стармер во текот на викендот.

Порано оваа недела, адвокатите на Трамп се заканија дека ќе ја тужат Би-Би-Си за отштета од 1 милијарда долари доколку корпорацијата не издаде демант, не се извини и не му исплати отштета.

Адвокатите на Трамп ѝ дадоа на Би-Би-Си рок до 22 часот по британско време во петок, 14 ноември, да одговори, што Би-Би-Си го исполни.

Спорот доведе до оставки на генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и уредничката на вести, Дебора Тернес.

Би можело да ве интересира

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски

„Дејли меил“: Трамп го замоли Џ.Д. Венс да најде излез од војната со Иран

Трамп размислува за повлекување на американските трупи од Европа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Трамп го доведе Нетанјаху до завршен чин