Трамп се закани дека ќе интервенира за да ги смири протестите во Портланд и Кеноша

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера и денеска објави серија твитови со критики и закани до локалните власти во Портланд, Орегон и во Кеноша, Висконсин, каде деновиве се случуваат насилни протести против полициското насилство и убиствата на афроамериканци.

Во Портланд, за време на демонстрациите во саботата загина едно лице.

Во Кеноша, пак, се случија насилни протести откако полицаец за време на задржување шест пати стрелаше во грбот на Џејкоб Блејк, Афроамериканец, кој остана парализиран. После тоа се случи пукање, во кое двајца протестанти беа убиени, а едно лице тешко повредено. Пукало 17-годишно лице кое, наводно, бело супрематист.

„Портланд е во валканици, и таков беше со години. Ако тој смешко од градоначалник не ги исчисти, ние ќе дојдеме да го направиме тоа“, напиша денеска Трамп на Твитер.

Во градот имаше судири меѓу поддржувачите на претседателот од други места, кои влегоа во градот вооружени со колона од стотици теренски возила и претставници на движењето „Црните животи се важни“. Од полицијата се уште нема извештај за жртви или осомничени.

Трамп и градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, разменија остри зборови по соопштението на претседателот.

-Доналд Трамп е претседател речиси четири години. Температурата во земјата е сѐ повисока, тензиите се посилни, поделбите сѐ подлабоки, изјави вчера претседателскиот кандидат Џо Бајден.

Тој осуди насилства „од секаков вид, извршени од секого, дали од левицата или од десницата. Бајден го повика Трамп да го стори истото.

Поранешниот потпретседател, по неповолните резултати од последните анкети, вчера за првпат започна физички митинзи, и тоа во Пенсилванија, клучната „колеблива“ сојузна држава. Од распостранетите материјали од вечерашните излагања на Бајден се гледа дека подготвува фронтален напад против неговиот републикански соперник.

-Овој претседател одамна загуби секакво морално лидерство на оваа земја. Не е способен да го запре насилството, затоа што токму тој со години го разгорува, се вели во приготвениот текст од настапот на Бајден.

-Дали некој се уште смета дека во Америка ќе има помалку насилство ако Доналд Трамп биде реизбран? прашува Бајден.

Претседателот, пак, денеска планира да го посети Кеноша, каде се случија насилствата и убиствата, во обид да ја смири ситуацијата.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, го повика Трамп да не доаѓа во Кеноша, изразувајќи загриженост дека „вашето присуство само ќе го спречи нашето зацелување“.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври