Трамп сè уште не е одлучен дали ја поддржува израелската анексија на Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес избегна да одговори на новинарско прашање дали ја поддржува или се спротивставува на намерата на израелските власти да го анектираат целиот Појас Газа, објави Ројтерс.

Трамп, исто така, рече дека фокусот на неговата администрација е на зголемување на испораката на хуманитарна помош до палестинската енклава, објави Ројтерс.

„Што се однесува до останатото, не можам многу да кажам. Тоа најмногу ќе зависи од Израел“, рече Трамп.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно во приватни разговори рекол дека е подготвен да нареди целосна окупација на Појасот Газа, и покрај противењето во рамките на израелската војска.

Би можело да ве интересира

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина