Трамп се пофали на Твитер: Имам 96 проценти поддршка од Републиканците

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп на својот твитер профил се пофали за неговиот висок рејтинг на поддршка од 96 проценти во неговата матична Републиканска партија.

Тој на својот профил напиша: „96% поддршка во Републиканската партија. Ви благодарам!, Ние ќе го победиме уморниот и исцрпен човек, Заспаниот Џо Бајден, во ноември“.

Неколку часови подоцна тој се заблагодари на медицинските лица кои неуморно работат за да го заштитат народот од смртоносниот вирус, исто така, тој нагласи дека е задоволен од намалување на бројките на новозаразени од Ковид-19 и дека наскоро американската економија повторно ќе биде силна.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада