Трамп сака средба со Путин пред изборите во ноември, тврди „Тајмс“

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп сака да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин пред изборите во САД во ноември, објави британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори.

Весникот пишува дека најверојатен датум за одржување на таков состанок е 15 септември, кога ќе се одржи годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Во написот се истакнува дека за време на телефонскиот разговор на 13 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја потврдиле својата желба Трамп и Путин да одржат таков состанок.

Нема официјални извештаи за евентуална средба меѓу Путин и Трамп на маргините на ГС на ОН, ниту од Русија, ниту од САД.

Двајцата лидери последен пат се сретнаа на состанок на Г20 во Јапонија пред повеќе од една година. Разговорите меѓу Путин и Трамп траеја еден час и 20 минути.

Би можело да ве интересира

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Анкета: Речиси 47 отсто од Американците го поддржуваат Трамп на почетокот на неговиот мандат

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Трамп најави инвестиции до 500 милијарди долари во инфраструктура за вештачка интелигенција

Трамп го помилува креаторот на веб-страницата „Патот на свилата“, Рос Улбрихт

Горан Наумовски

Таен дипломатски извештај содржи остри критики за новиот американски претседател Доналд Трамп