Трамп: Русите и Украинците денеска разменија голем број воени заробеници

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е завршена голема размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина. Во своето соопштение, Трамп им честиташе на двете страни за успешните преговори и изрази надеж дека овој настан би можел да биде вовед во позначајни чекори кон мир.

„Голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина штотуку заврши. Наскоро ќе стапи на сила. Честитки до двете страни за овие преговори. Дали ова може да доведе до нешто големо???“, напиша тој.

Оваа размена, според официјални извори од Киев и извештаите на меѓународните медиуми, вклучува околу илјада затвореници од двете страни, што ја прави најголемата размена од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.

Преговорите што доведоа до размена се одржаа минатата недела во Истанбул, со посредство на турската дипломатија. Иако Украина, исто така, побара привремено прекин на огнот за време на разговорите, руската страна го отфрли ова, согласувајќи се само на размена на затвореници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека враќањето на украинските граѓани од руско заробеништво е еден од главните приоритети на неговата влада. Од друга страна, руските претставници сè уште официјално не ги коментираа деталите од размената, но индиректно потврдија дека е постигнат договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по нападот врз Украина

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

(ВИДЕО) Најмалку четири лица загинаа во напад врз Киев, гори Киевско-Печерската лавра

Горан Наумовски

Ритер: Целта на Киев беше да ги заплаши граѓаните на Донбас

Има загинати и повредени во новите напади во Русија и во Украина

Украински напад со беспилотни летала врз неколку руски региони, оддалечени 1.200 км од границата