Трамп: Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во интервју за Фокс њуз изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година.

Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп рече дека мисли дека ќе заврши.

„Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека војната ќе заврши порано. Мислев дека тоа е најлесното прашање за решавање бидејќи добро се сложувам со двајцата лидери (на Русија и Украина). Навистина мислев дека тоа ќе биде мојата најлесна задача“, рече американскиот претседател.

Од март 2023 година до октомври 2024 година, Трамп дури 53 пати рекол дека ќе ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“ или на првиот ден од неговиот мандат во Белата куќа.

Американскиот претседател рече дека бил во постојана комуникација со својот руски колега, изразувајќи увереност дека Путин е подготвен да постигне договор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп