Трамп: Пуштете ја нафтата да тече, договорот со Иран е завршен

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „договорот со Исламската Република Иран сега е завршен“.

– Честитки до сите! Со ова целосно го одобрувам слободното отворање на Ормутскиот теснец и, во исто време, го одобрувам итно укинување на поморската блокада на Соединетите Држави. Бродови од светот, запалете ги вашите мотори. Пуштете ја нафтата да тече, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth Social.

Трамп рече дека неговата администрација интензивно работи на зачувување на договорот со Иран, кој беше доведен во прашање по израелскиот напад врз либанскиот главен град Бејрут.

Според него, израелскиот напад врз Бејрут доведе до одложување од неколку часа во потпишувањето на договорот со Иран, но потоа беше одреден нов датум за потпишување на меморандумот.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби