Трамп прв претседател во поновата историја на САД што нема да присуствува на инаугурацијата на наследникот

Од:

Доналд Трамп ќе биде првиот претседател на САД во изминатите неколку децении што си заминува од функција а кој нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник, објави Њујорк тајмс. Но, во подалечното минато се случило неколкупати претседател да не присуствува на царемонијата.

Во поголемиот дел од историјата на САД, промената на претседатели се смета за симбол за мирен трансфер на власта.

И други претседатели на САД не присуствувале на инаугурацијата на новиот претседател, вклучително и четворица шефови на држави кои беа убиени за време на мандатот: Абрахам Линколн (1965),Џејмс Гарфилд (1881), Вилијам Мекинли (1901) и Џон Кенеди (1963).

Во 1974 година, претседателот Ричард Никсон поднесе оставка и не присуствуваше на заклетвата на Џералд Форд во Белата куќа. Во 1921 година, Вудроу Вилсон имал намера да присуствува на заклетвата на Ворен Хардинг и да отпатува со него во Капитол на церемонијата, но се разболел.

Во деветнаесеттиот век, некои претседатели одлучија да не се појавуваат од незадоволство или непријателство. Весникот како примери ги наведува Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендру Џонсон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин и Си Џинпинг разговараа неколку часа по инагурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Трамп помилува 1600 напаѓачи на Конгресот, го преименува Мексиканскиот залив

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Маск ја прослави инаугурацијата на Трамп во Вашингтон: „Вака изгледа победата“