Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Од:

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, навести дека операцијата на Украина во рускиот регион Курск може да биде ризик за почеток на Третата светска војна.

Трамп ова го изјави за време на говорот пред Здружението на Националната гарда на Соединетите Американски Држави во Детроит, објави Европската правда.

Трамп е убеден дека тој е единствениот човек кој може да вети дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина и ќе ја спречи третата светска војна.

Тој се осврна на „инвазијата на Русија“, јасно мислејќи на напредувањето на украинските одбранбени сили во областа Курск.

„Погледнете што се случува со Украина во моментов, тие ја напаѓаат Русија, во ред. Ќе завршиме во Трета светска војна“, рече Трамп.

Републиканскиот претседателски кандидат повторно вети дека ќе стави крај на војната во Украина доколку победи на изборите.

„Пред да стигнам до Овалната соба, кратко откако ќе ја освојам претседателската функција, ќе ја решам ужасната војна меѓу Русија и Украина. Ќе ја решам многу брзо“, рече Трамп.

Претходно „Вашингтон пост“ објави дека од почетокот на операцијата во областа Курск, Украина ги интензивирала барањата до администрацијата на Бајден да дозволи ракетни напади ATACMS врз аеродроми на руска територија.

Пентагон соопшти дека напредувањето на Украина во регионот Курск е во согласност со американската политика, но додаде дека се уште не поддржува удари со долг дострел на руска територија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Трамп: Нема да има нова изборна дебата со Камала Харис

Горан Наумовски

Трамп: Бајден не знаеше како да разговара со Путин и сега милиони се мртви

Горан Наумовски