Трамп повторно се заканува: Царини поради водниот спор

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе дополнителна царина од пет проценти за Мексико доколку земјата веднаш не обезбеди вода за американските земјоделци.

Трамп го обвини Мексико за кршење на договорот од 1944 година што го регулира споделувањето на водата меѓу двете земји, објави Ројтерс.

Според договорот, Мексико треба да испраќа 1,75 милиони литри вода во Соединетите Американски Држави од Рио Гранде преку мрежа од брани и акумулации на секои пет години.

Трамп тврди дека Мексико им должи на Соединетите Американски Држави 800.000 литри вода поради неисполнување на своите обврски во текот на изминатите пет години.

„Досега, Мексико не одговори, а тоа е многу неправедно кон нашите американски земјоделци кои ја заслужуваат оваа многу потребна вода“, рече Трамп, додавајќи дека одобрил документација за воведување царина од пет проценти доколку водата не се испорача веднаш.

Портпаролката на Министерството за економија на Мексико не ја коментираше изјавата на Трамп.

Во април, американскиот министер за земјоделство, Брук Ролинс, изјави дека Мексико се согласило да ги зголеми испораките на вода во Тексас за да го надомести недостигот, додека Мексико вели дека се соочува со суша што го отежнува обновувањето на неговите водни ресурси.

Би можело да ве интересира

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена