Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе преземе чекори следната недела повторно да го постави пред Обединетите нации прашањето за санкциите против Иран.
„Ќе го започнеме тоа повторно, ќе видите следната недела“, им рече Трамп на новинарите, еден ден откако Советот за безбедност на ООН го отфрли американскиот предлог за продолжување на ембаргото за испорака на оружје за Иран.
САД се заканија дека ќе активираат враќање на сите санкции на ООН против Иран со помош на одредбата од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година меѓу Иран и светските сили, иако Трамп се повлече од тој договор во 2018 година.