Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека мора да прекине политичката коректност кога станува збор за прашања поврзани со безбедноста.
– Неопходно е да престанеме да бидеме политички коректни. Треба да се заангажираме во организирањето на безбедноста на нашите гфраѓани. Ако не се опаметиме, се ќе стане уште полошо. напиша Трамп на својот налог на Твитер, како реакција на синоќашниот напад во Лондон.
Трамп упати и критика на сметка на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој изјави дека „нема причини за вознемираност“ по нападот.
– Најмалку седум убиени и 48 ранети, а градоначаникот на Лондон вели дека нема причина да бидеме вонемирени, напиша Трамп на Твитер, во коментра на изјавата на Кан, кој е првиот лондонски градоначалник муслиман во историјата.
Трамп претходно на Твитер изрази солидарност со жителите на главниот град на Велика Британија, но нападот во Лондон го искористи и да ја промовира сопствената Уредба за забрана за патувања во САД на жители од неколку претежно муслимански држави, како дополнителна мерка за заштита на Американците, чие спроведување е блокирано со судска одлука.
– САД се тука за да им помогнат на Лондон и на Обединетото Кралство. Со вас сме. Бог да ве блогослови, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека „мораме да бидеме паметни, внимателни и силни“.
– Судовите мора да ги вратат нашите права. Потребна ни е Уредба за забрана за патувања како дополнителна мерка за безбедност, истакна Трамп.