Трамп-помладиот лани на мејл добил понуда од пријател – руски обвинител да и наштети на Клинтон

Од:

Поголемиот син на американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави серија разменети мејлови меѓу него и музичкиот продуцент Роб Голдстоун, во кои станува збор за предлогот на влијателен руски обвинител на претседателската кампања на неговиот татко да и даде информации со кои ќе се нарушел имиџот на неговата соперничка од Демократската партија, Хилари Клинтон, соопштија британските медиуми.

На 3 јуни 2016 година Голдстоун на Трамп-помладиот му напишал дека генерарлниот обвинител на Русија му предложил на кампањата на Трамп да и предаде „некои официјални документи и информации, кои ќе и наштетат на Хилари и нејзините врски со Русија и ќе бидат многу корисни за неговиот татко“.

„Тоа е доверлива информација од многу високо ниво, но таа е дел од поддршката на Русија и нејзината влада за Трамп, посочува Голдстоун во својот мејл.

Американските мидиуми додаваат дека Трамп-помладиот на продуцентот, кој му ги ветил овие информации за Хилари Клинтон му кажал: „Доколку навистина е така тоа што ми го зборуваш, тоа многу ми се допаѓа“.

Во своето објаснување на Твитер Трамп-помладиот вели дека ги покажува овие мејлови со едногодишна важност за „целосно да сум транспарентен“.

Од компањата на Трамп во Њујорк ја потврдија автентичноста на мејловите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

Се урна руски воен авион Су-25

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели