Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се заблагодари на Венецуела за започнувањето на процесот на ослободување на политичките затвореници, додавајќи дека тие затвореници имале среќа што САД се појавиле.

– Венецуела го започна процесот на ослободување на политичките затвореници на величествен начин. Ви благодарам. Се надевам дека тие затвореници се сеќаваат колку имале среќа што САД се појавиле и го направиле она што морало да се направи. Се надевам дека никогаш нема да го заборават тоа. Ако го сторат тоа, тоа нема да биде добро за нив, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп претходно рече дека ги „сака“ луѓето од Венецуела и дека веќе „ја прави таа земја богата и безбедна“.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва

Одговорот на Иран на ултиматумот на Трамп во 10 точки

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Истекува крајниот рок на Трамп за Иран да го отвори Ормутскиот теснец

Ги загубивме клучевите, Иран му одговори на Трамп на бесните закани на Ормутскиот теснец

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Пореметен лудак“, реакции од САД на пцуењето и заканите на Трамп кон Иран