Трамп: По ослободувањето на Рака, се гледа крајот на Исламскиот Калифат

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку соопштение го поздрави освојувањето на сирискиот град Рака од рацете на Исламската Држава.

– Задоволство ми е да соопштам дека Сириските демократски сили, нашите партнери во борбата против ИД во Сирија, успешно ја освоија Рака – самопрогласениот главен град на оваа терористичка група. Заедно, нашите сили целосно го ослободија градот од контролата на ИД. Поразот на ИД во рака претставува клучна пресвртна точка во нашата глобална кампања да ја поразиме ИД и нејзината зла идеологија. Со ослободувањето на главниот град на ИД, како и на огромен дел од територијата што ја држеа, се наѕира крајот на Калифатот на ИД, соопшти претседателот Трамп.

Американскиот претседател најави дека наскоро почнува нова фаза во борбата против Исламската Држава, со поддржување на локалните сили, намалување на насилството низ Сирија и создавање услови за траен мир и спречување на можното враќање на терористите во ослободените територии.

– Заедно со нашите сојузници и партнери ќе ги поддржуваме дипломатските напори за ставање крај на насилството, безбедно враќање на бегалците во нивните домови и за политичка транзиција која ќе ја почитува волјата на сирискиот народ, додаде Трамп.

Претседателот вели дека победата над ИД е едно од неговите главни предизборни политички ветувања и дека, согласно насоките што ги дал на армискиот врв, биле освоени градовите Мосул во Ирак и Рака во Сирија.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија