Трамп планира да ја засени инаугурацијата на Бајден со голем опозициски митинг истиот ден

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп наводно се подготвува да ја засени инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден, што ќе биде на 20 јануари, така што ќе организира опозициски митинг на кој ќе ја потврди кандидатурата на изборите во 2024 година, објави британскиот весник Индепендент.

Весникот посочува дека Трамп планира да замине од функцијата во „драматичен стил“, користејќи го овластувањата што ги има како претседател.

Покрај митинг, Трамп планира да замине од Белата куќа со претседателскиот авион „Ер форс 1“ и да слета во Флорида, каде ќе им се обрати на своиете приврзаници.

Претходно Ен-Би-Си објави дека Трамп немада присуствува на инаугурацијата на Бајден, а најверојатно нема да испрати покана до Бајден и неговата сопруга Џил да ја посетат Белата куќа, што е обичај во САД.

Би можело да ве интересира

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Трамп ќе прогласи вонредна состојба

Орбан: Претседателството на Трамп ќе предизвика нов бран на десницата во Европа

Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Катерина Ѓуровски

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута