Трамп: Отворете го проклетиот Ормутски теснец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник се закани дека иранските електрани и мостови ќе бидат цел на напади во вторник, и со остри зборови го повика Техеран да го отвори Ормутскиот теснец.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сите споени во едно, во Иран. Нема да има ништо слично. Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте. Слава му на Алах, напиша Трамп на својот Твитер профил.

Американскиот претседател вчера предупреди дека на Иран „му истекува времето“ да постигне договор.

„Се сеќавате кога му дадов на Иран 10 дена да склучи договор или да го отвори Ормутскиот теснец“, праша Трамп на својот Твитер профил.

„Времето истекува – 48 часа пред да се распадне целиот пекол. Фала му на Бога“, напиша Трамп.

Ормутскиот теснец е стратешки важен морски премин низ кој се транспортира голем дел од светската нафта, а Иран воведе ограничувања за премин на бродови од земји што ги смета за непријателски за време на ескалацијата на тензиите во регионот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Раководството на САД е поделено околу продолжувањето на воените операции во Иран

Трамп: Да не бев претседател, Иран ќе го уништеше Израел

Иран: Нетанјаху избега од Израел

Горан Наумовски

Иран: Повеќе од 200 американски војници се убиени, многу повеќе се ранети