Трамп: Ормускиот теснец ќе биде отворен за бродови за време на траењето на прекинот на огнот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го поздрави соопштението на Иран дека Ормускиот теснец ќе биде отворен за бродови за време на траењето на прекинот на огнот.

Трамп му се заблагодари на Иран на својата платформа Truth Social, наведувајќи дека стратешки важниот воден пат е „целосно отворен и подготвен за целосен премин“.

Во исто време, тој нагласи дека поморската блокада ќе остане на сила во однос на Иран, сè додека, како што изјави, не се постигне целосен договор меѓу двете страни.

„Ормускиот теснец е целосно отворен и подготвен за бизнис и целосен премин, но поморската блокада ќе остане на полна сила во однос на Иран сè додека нашиот договор не биде 100 проценти завршен. Овој процес треба да оди многу брзо бидејќи повеќето точки се веќе договорени“, нагласи Трамп.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски