Трамп очекува Бајден да не се откаже од кандидатурата „Не му можат ништо“

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува претседателот Џо Бајден да остане во трката за Белата куќа и покрај зголемените повици во Демократската партија тој да се повлече во корист на помлад кандидат.

Трамп (78) рече дека Бајден (81) одбил да ја напушти кампањата поради неговото големо его и посочи дека претседателот добил уверување за номинацијата на демократите поради сите делегати што ги освоил за време на демократските прелиминарни избори на почетокот на оваа година, пренесува Ројтерс.

Бајден постојано повторува дека останува во трката.

„Интересно е што тој има голема моќ, бидејќи има делегати. Знаете, кога имате делегати, освен ако не каже дека се откажува, ништо не можат да направат за да го исфрлат, освен 25-тиот амандман“, рече Трамп во изјавата во интервју за Fox News.

25-тиот амандман на американскиот Устав им дозволува на потпретседателот и членовите на кабинетот да го прогласат претседателот за неспособен да ја извршува функцијата, пренесувајќи ги овластувањата на потпретседателот како вршител на должноста. Нема индикации дека потпретседателката Камала Харис или демократските лидери ја предложиле таа опција.

Интервјуто беше емитувано во услови на зголемена загриженост во редовите на демократите по катастрофалниот настап на Бајден во дебатата против Трамп на 27 јуни, што поттикна зголемени повици во неговата партија тој да се повлече од кампањата поради нарушено ментално здравје.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он