Трамп – нова неизвесност во односите со НАТО и Русија

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Од 2014 година, кога Русија изврши анексија на Крим, Москва и НАТО распоредија сили долж границата, додека нивните односи значително се влошија. Аналитичарите сметаат дека опасноста од воен судар е најголема до сега во однос на изминатите неколку децении. Претстојната промена на администрацијата во Вашингтон веројатно значајно ќе влијае на односите меѓу Кремељ и НАТО, додека аналитичарите истакнуваат дека сосема е неизвесно како оваа година ќе се одвиваат тензиите меѓу Истокот и Западот.

Во октомври во Калињинград, во непосредна близина на НАТО членките Полска и Литванија, Москва распореди ракети од типот Искандер кои можат да носат нуклеарни боеви глави. Русија исто така спроведе низа воени маневри долж западната граница.

НАТО распореди 300.000 војници во состојба на висока приправност, а распореди и персонал и долж границите со соседните држави. Расте опасноста од неочекуван судир, предупредува поранешниот разузнавачки функционер во Москва Џон Лоу, соработник на Четам хаус.

„Сметам дека е многу важно да воспоставиме систем преку кој војската може да комуницира кога е неопходно. Двете страни треба да сфатат дека постои можност од ненадеен судир”.

НАТО наскоро ќе распореди 4.000 дополнителни војници во балтичките земји и Полска. Зајакнува основниот принцип на НАТО сојузот за колективна одбрана, вели Лоу.

„НАТО почнува, би се рекло, од почеток, за да ја обнови својата одбранбена способност, што не се случува преку ноќ. Меѓутоа, поважно е што постои волја за мирно решение”.

Но, изборната победа на Доналд Трамп внесе неизвесност во поглед на американската приврзаност на НАТО. Минатата година, САД учествуваа со 66 милијарди долари во буџетот на НАТО.

Второпласираната Британија, потроши помалку од 10 отсто од тој износ. Трамп го поставува прашањето за оправданоста на американскиот финансиски удел, а аналитичарите изнесуваат дека Москва со голем интерес ја следи состојбата:

„Верувам дека постоечката колективна одбрана многу влијае на воздржаноста на Москва. Трамп би можел тоа да го промени ако не ги поддржи загрозените членки на НАТО, кои не ги исполнуваат своите финансиски обврски кон алијансата” – смета Сара Лејн од Институтот на обединетите кралски услуги. Пофалбите кои Трамп ги упати на Путин ја вознемирија Украина, која се бори со бунтовниците во источна Украина, поддржани од страна на Кремљ.

„Тоа би можело да ја охрабри Русија да ја испроба неповредливоста на границите на НАТО земјите и нивното единство” – истакна Лејн.

Лоу смета дека е премногу рано да се тврди дека изјавите на Трамп навистина ќе доведат до траен детант со Русија:

„По некои точки нема да се согласат. Зборувам, на пример за Иран. Мислам дека тоа прашање набрзо ќе се најде на дневен ред”.

Во Америка, Трамп е соочен со поделби. Неодамна американските сенатори ги посетија НАТО сојузниците да им ја потврдат американската поддршка. Вооружувањето од двете страни ги зголеми ризиците. Новата американска администрација би можела да внесе дополнителна неизвеснот во веќе затегнатата состојба.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен