Трамп нема пари да си ја плати целосната кауција по пресудата за измама

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да плати целосна кауција по пресудата за измама од 454,2 милиони долари и предлага обврзница од 100 милиони долари под закана за одземање, изјавија неговите адвокати.

Трамп ја обжали пресудата од 16 февруари на судијата Артур Енгорон од Државниот суд на Њујорк во Менхетен, според која му беше забрането три години да извршува висока позиција во њујоршки компании и да бара заеми од банки регистрирани во таа држава.

Тоа е пресудата на судијата Енгорон во случајот покренат од њујоршката обвинителка Летиција Џејмс, која го обвини поранешниот претседател и неговата семејна компанија за преценување на вредноста на имотот за да ја надува неговата нето вредност и да добие подобри услови за кредит и осигурување.

Судијата го казни Трамп со 354,9 милиони долари, што до минатата недела порасна на 454,2 милиони долари поради камата. Каматата секој ден се зголемува за нови 112.000 долари.

Во поднесокот до Aпелациониот суд, адвокатите на Трамп рекоа дека „оваа претерано висока сума од пресудата, во комбинација со незаконската и неуставна забрана за какво било ново позајмување, ќе го оневозможи склучувањето заеми под закана од одземање и на тој начин да се плати целата кауција“.

Би можело да ве интересира

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Трамп: Го победив Бајден пред три дена, сега на ред е лажливата Камала Харис

Директорот на ФБИ откри нови детали за нападот врз Доналд Трамп

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Камала Харис обезбеди доволен број делегатски гласови за номинација и над 80 милиони долари за само 24 часа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта