Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во Соединетите Американски Држави, додавајќи дека „нема место за шеријатот во Соединетите Американски Држави“.

„Што се однесува до шеријатот, категорично би рекол дека шеријатот нема место во оваа земја. Нема шеријат“, рече Трамп за време на интервјуто со конзервативниот ТВ водител Глен Блек, според дневниот весник „Фигаро“.

Американскиот претседател рече дека постојат места каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги Лондон и Париз како примери.

„Како што знаете, одите во Лондон, одите во Париз, тоа е речиси како поинаков начин на живот. Смешно е“, рече Трамп. Американскиот претседател истакна дека шеријатот е присутен до одреден степен во Соединетите Американски Држави.

„Каде што го гледаме, го елиминираме. Мора да се елиминира“, рече Трамп, додавајќи дека американскиот правен систем е „најдобар и покрај неговите несовршености“.

Доналд Трамп даде слични забелешки за Лондон минатата година, напаѓајќи го градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан, за време на неговиот говор пред Генералното собрание на ОН, пренесува Танјуг. „Го гледам Лондон, каде што имате ужасен градоначалник, навистина ужасен градоначалник. Сè се промени толку многу. Сега сакаат да воведат шеријатски закон“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Техеран е подготвен за преговори со Вашингтон, но бара враќање на јунскиот договор