Трамп: Не ни треба договор со Иран за да им го земеме збогатениот ураниум

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на Вашингтон не му е потребен договор со Иран за да добие збогатен ураниум од земјата.

– Можеме веднаш да го добиеме. Не мислам дека би можеле да нè спречат ако сакаме да го добиеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан, изјави тој пред новинарите во Овалната соба, објави Ројтерс.

Трамп, исто така, рече дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, но дека доколку Вашингтон и Техеран постигнат договор, можно е тој да се сретне со него.

„Ако тоа се случи, би покажал почит“, рече американскиот претседател.

Трамп претходно изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум на Иран, и покрај пораките од Техеран дека Иран нема да го предаде материјалот.

Би можело да ве интересира

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

ВИДЕО: Тоа што го прави Русија во Украина е во ред, вели Трамп

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски