Трамп: Нe гори наш носач на авиони, тоа се лажни ирански вести

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран е воено неефикасен и слаб, но „добар“ во ширењето лажни информации.

– Иран долго време е познат како мајстор за медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено неефикасен и слаб, но тие се навистина добри во „хранење“ со лажни информации на многу благодарни медиуми за лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје за дезинформации што Иран го користи, доста добро, со оглед на тоа што тие се уништуваат себеси секој ден, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Американскиот претседател го обвини Техеран дека прикажува лажни „камикази чамци“ како пукаат во разни бродови на море, за кои рече дека изгледаат „убаво, моќно и жестоко“, додавајќи дека овие чамци не постојат и дека сето тоа се лажни информации за да се покаже колку е „силна“ веќе поразената иранска војска.

„Петте американски танкери што наводно беа тешко оштетени, според лажните извештаи на Волстрит џурнал и други, сите се оперативни. Зградите и бродовите што се гледаат како горат – тоа се лажни вести, генерирани од вештачка интелигенција“, рече Трамп.

Според него, Иран го прикажал американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ како неконтролирано гори во океанот.

„Не само што не горел, туку дури и не било пукано врз него. Приказната била намерно лажна и, на некој начин, би можело да се каже дека медиумите што ја генерирале треба да бидат обвинети за предавство за ширење лажни информации“, рече тој.

Трамп заклучи дека Иран е десеткуван и дека единствените битки што ги добиваат се оние што ги создаваат преку вештачка интелигенција, која ја дистрибуираат корумпирани медиуми.

Би можело да ве интересира

Арагчи: Војната ќе заврши на начин што никогаш повеќе нема да помислат да нè нападнат

Германија бара јасни планови од САД и Израел за Иран

Иран: Секој што соработува со сатанската телевизија ќе биде наша цел

САД: Ако не ни помогнете против Иран, ве чека „црна иднина“

Нафтените гиганти предупредија: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

Горан Наумовски

Наини: Ако се осмелува, Трамп нека ги испрати своите бродови во Персискиот Залив

Горан Наумовски