А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ

by А1он03/02/2025 - 20:18862
Share0

На вработените во Федералното истражно биро (ФБИ) им е наредено да одговорат на прашалникот за нивна можна вмешаност во криминални случаи отворени во врска со нападот врз Капитол од страна на поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година.

Добивај вести на вибер

Прашалникот содржи прашања за работното место на вработените, како и за нивната улога во истрагите за немирите на 6 јануари 2021 година што ги повика Трамп во обид да ги поништи резултатите од претседателските избори во ноември 2020 година, на кои победи Џозеф Бајден.

Вработените треба да одговорат на поставените прашањата најдоцна до вечерва. Вршителот на должноста заменик јавен обвинител на САД, Емил Бове, побара во петокот ФБИ да му го предаде списокот на сите вработени кои работеле на случаи поврзани со немирите во Капитол, како и оние кои работеле на кривичниот случај отворен минатата година против водачите на палестинската милитантна група Хамас во врска со војната во Појасот Газа.

Минатата недела, Бове отпушти повеќе од десетина обвинители од Министерството за правда кои беа вклучени во кривични случаи против Трамп предводени од поранешниот специјален советник Џек Смит, од кои едниот беше изведен за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, а другиот за тоа што Трамп задржал доверливи документи откако ја напуштил Белата куќа.

fbitramp

Би можело да ве интересира

Нафтените гиганти предупредија: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

Горан Наумовски16/03/2026 - 11:4216/03/2026 - 11:43

Остра порака на Иран: „Трамп убива од забава – нема преговори“

Горан Наумовски16/03/2026 - 07:1316/03/2026 - 07:13

Цените на нафтата растат по изјавата на Трамп за островот Харг

Горан Наумовски16/03/2026 - 06:4516/03/2026 - 06:46

ВИДЕО: Никој не го видел новиот ирански лидер, Трамп се сомнева дека е воопшто жив

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 08:37

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:1614/03/2026 - 09:22

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Горан Наумовски13/03/2026 - 16:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен