Трамп најави воен напад и освојување на клучен ирански остров

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе започнат голем воен напад врз Иран и откри планови за преземање контрола врз нафтената индустрија на Иран, според објава на неговиот профил на социјалните мрежи Truth Social.

„САД ќе го нападнат Иран МНОГУ ЈАКО вечерва. Нивната морнарица, воздухопловни сили, радар, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана, како и поголемиот дел од нивните офанзивни капацитети, ИСЧЕЗНАА!

Во не толку далечна иднина, ќе го заземеме островот Харг и другата клучна нафтена инфраструктура и ќе преземеме целосна контрола врз нивните пазари на нафта и гас, исто како што направивме со Венецуела, што се покажува како одлично решение и за Венецуела и за САД.“

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби