Трамп најави нови акции: Нашата воена моќ е најголема на планетата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наложил на Американската корпорација за меѓународен развој (DFC) да обезбеди „осигурување и гаранции“ за бродовите што патуваат низ Персискиот Залив.

Трамп предложи американската морнарица да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец доколку е потребно.

„Им наложив на Американската корпорација за развојно финансирање (DFC) да обезбеди, по многу разумна цена, осигурување од политички ризик и гаранции за финансиска безбедност за целата поморска трговија, особено енергијата, што патува низ Заливот. Ова ќе им биде достапно на сите бродски линии“, напиша Трамп на Truth Social.

„Без разлика што, САД ќе обезбедат слободен проток на енергија во светот. Економската и воената моќ на САД е најголема на земјата. Допрва треба да се преземат повеќе акции“, заклучи Трамп.

Патем, Иран синоќа се закани дека ќе ги нападне бродовите што патуваат низ теснецот, а некои танкери веќе беа нападнати во областа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво