Трамп на Твитер: Ноќеска водев и наеднаш гласовите почнаа магично да исчезнуваат

Од:

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.

По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.

„Синоќа водев, на многу места солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно сето тоа го сфатија буквално и историски “, напиша Трамп.

Набрзо по првиот тој објави уште еден твит.

„Како е можно секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување?, додаде американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он