Трамп му порача на Израел да ја „заврши работата“ против Хамас

Од:

Само неколку недели откако со сигурност најави непосредно примирје во Газа, американскиот претседател Доналд Трамп направи драматичен пресврт. Неговиот оптимизам исчезна и наместо да повикува на мир, сега му кажува на Израел дека е време да ја ескалира воената кампања и да „ја заврши работата“ со Хамас, пишува CNN.

Промената доаѓа откако Трамп оваа недела ги повлече своите преговарачи, тврдејќи дека Хамас не дејствувал со добра намера. Додека сликите од гладните деца во Газа предизвикуваат глобален бес, Трамп сигнализираше дека нема да врши притисок врз Израел да ја прекине својата 21-месечна воена операција.

„Мислам дека сакаат да умрат, а тоа е многу, многу лошо“, рече Трамп за Хамас и додаде „Дојде до точка каде што ќе мора да ја завршите работата.“

Не е јасно дали оваа остра реторика е вистински одраз на неуспехот на преговорите или тактички потег за притисок врз Хамас. Сепак, неговите зборови јасно ставаат до знаење дека обидите за посредување во примирје, кое изгледаше дека се ближи кон крајот, не успеаја, што е фрустрирачко за Трамп.

Трамп ја префрли вината директно врз Хамас за пропаѓањето на преговорите, тврдејќи дека нивното преговарачко влијание ослабнало откако десетици заложници беа ослободени или починаа во заробеништво.

„Сега ни останаа само последните заложници, а тие знаат што следи потоа. Затоа не сакаа да склучат договор“, рече Трамп.

И покрај песимизмот на Трамп, Египет и Катар најавија продолжување на медијацијата, а висок израелски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека разговорите „воопшто не пропаднале“. Некои американски функционери се надеваат дека токму суровиот став на Трамп ќе го охрабри Хамас да биде помирувачки. Сепак, ненадејното повлекување на американските преговарачи од Доха предизвика шок. „Ова е земјотрес“, рече еден извор запознаен со преговорите.

Во меѓувреме, хуманитарната криза во Газа достигнува катастрофални размери. Тунискиот претседател Каис Саид му покажа на советникот на Трамп фотографии од неухранети деца како јадат песок, нарекувајќи ја ситуацијата „злосторство против човештвото“. Трамп, од друга страна, го обвини Хамас дека го спречува распределувањето на помошта и се пожали дека САД не добиле доволно признание за донираните 60 милиони долари помош.

Клучните американски сојузници заземаат сè поцврст став. Британскиот премиер Кир Стармер ја нарече воената ескалација на Израел „неодбранлива“, додека францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН во септември. Овој потег го налути Израел, но Трамп го отфрли како неважен.

„Таа изјава нема никаква тежина“, коментираше тој кратко.

Би можело да ве интересира

Трамп останува отворен за соработка со Ким Џонг Ун

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Трамп: Мора да ја запрете оваа ужасна инвазија, имиграцијата ја убива Европа

Трамп: Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 отсто

Трамп сака да го понижи Макрон: Изјавата дека ќе ја признае Палестина нема тежина

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Предраг Петровиќ