Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници

Од:

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија и неколку западни земји.

„Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една одлична работа“, рече републиканскиот претседателски кандидат на настан во Атланта, Џорџија.

„Тие ги ослободија некои од најголемите убијци во светот“, рече Трамп, додавајќи: „Тие ги вратија некои од најзлобните убијци. Ги вративме нашите луѓе, но направивме некои страшни, страшни договори. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали тоа направи лош преседан?“, праша тој.

Во најголемата размена на затвореници по Студената војна, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, а за возврат 10 лица беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.

Како дел од договорот, ослободен е и Русинот Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во центарот на Берлин.

Договорот го постигна владата на американскиот претседател Џо Бајден со помош на Германија и другите сојузници.

Трамп укажа на сопственото досие за репатријација на американски државјани кои биле држени во странство за време на неговото претседателствување, истакнувајќи: „Никогаш не сум платил ништо“.

Би можело да ве интересира

Путин нареди регрутација, 160.000 луѓе се приклучуваат на армијата од април до јули

А1он

Путин најави развој на руската арктичка зона и арктичкиот транспортен коридор

Горан Наумовски

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on