Путин: Сојузничките односи со Србија се најтопли и најблиски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со српскиот патријарх Порфириј во Москва оцени дека, како што рече, сојузничките односи меѓу Русија и Србија се најтопли и најблиски.

На средбата со српскиот патријарх во Кремљ, Путин рече дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на 9 мај да ја посети Москва и да присуствува на прославата на 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна.

На средбата, на која присуствуваше и патријархот московски и на цела Русија – Кирил, Путин рече дека Русија е свесна за тешката ситуација на Балканот.

„Знаеме дека ситуацијата на Балканот не е едноставна. И знаеме за вашите напори за зајакнување на позицијата на Србија“, рече Путин, обраќајќи му се на српскиот патријарх, пренесува РИА Новости.

Рускиот претседател Путин го истакна придонесот на Српската православна црква во односите меѓу народите на двете земји.

„Српската православна црква дава значаен придонес во зајакнувањето на односите меѓу народите на Русија и Србија“, рече Путин за време на средбата во Кремљ.

Патријархот Порфириј му подари на рускиот претседател Путин велигденско јајце со натпис „Христос воскресна“ на српски јазик.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

Путин: Ќе одговориме на нападите врз рафинериите

А1он