Трамп: Мора да ја запрете оваа ужасна инвазија, имиграцијата ја убива Европа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп слета во Шкотска на четиридневна посета што вклучува средби на високо ниво. Посетата на Трамп е неофицијална и во голема мера поврзана со голф. Веднаш по пристигнувањето, тој го пофали британскиот премиер Кир Стармер како „добар човек“ и ја нарече нелегалната миграција „ужасна инвазија што ја убива Европа“.

Американскиот претседател се осврна на нелегалната имиграција и упати остро предупредување до европските лидери.

„Подобро да се смирите или повеќе нема да ја имате Европа. Мора да се смирите“, рече тој.

– Вие дозволувате ова да им се случи на вашите земји и мора да ја запрете оваа ужасна инвазија. Имиграцијата ја убива Европа. Некои европски лидери не дозволија инвазија на нивните земји, нема да ги именувам, и тие не добија доволно признание за тоа, рече Трамп.

Тој, исто така, рече дека ниту еден нелегален мигрант не влегол во САД во изминатиот месец.

Би можело да ве интересира

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

ВИДЕО: Нејасни пораки, конфузно објаснување за Иран – што кажа Трамп во најдолгото годишно обраќање на нацијата

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран

Новите глобални царини на САД стапија на сила