Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра порака до Техеран, велејќи дека Иран предолго одложувал во преговорите со САД и дека сега ќе „мора да плати“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската страна во преговорите со САД предолго одложувала и наместо да постигнат договор што би бил добар за нив, сега ќе „мора да платат“.
– Иранската војска е во целосен хаос. Поголемиот дел од нивната војска, како што се морнарицата и воздухопловните сили, повеќе не постојат, тие се целосно поразени. Иран е само разговор, а никаква акција. Насилникот од Блискиот Исток е мртов! Тие предолго одложуваа и наместо да постигнат договор што е добар за нив, сега ќе мора да платат, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
