Трамп: Луѓето не ја сакаат Ники Хејли, знаат дека таа не може да го победи Бајден

Од:

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека луѓето не ја сакаат неговата противкандидатка Ники Хејли, додавајќи дека таа не може да го победи актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден.

„Хејли беше „претепана“ синоќа. Во Големата држава Мичиген таа загуби за повеќе од 42 отсто. Со нетрпение го очекувам Супер вторникот каде таа оди уште полошо, ако тоа е воопшто можно. Водам во секоја држава со повеќе од 60 поени. Луѓето не ја сакаат и знаат дека не може да го победи Бајден, ниту кој било демократ“, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

На внатрепартиските избори што се одржаа вчера во Мичиген, Трамп освои 68,2 отсто од гласовите, додека за Хејли гласаа 26,6 отсто од гласачите.

Таканаречениот „супер вторник“ е закажан за 5 март, кога ќе се одржат републикански внатрепартиски избори во Алабама, Алјаска, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија.

Би можело да ве интересира

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Трамп: Го победив Бајден пред три дена, сега на ред е лажливата Камала Харис

Директорот на ФБИ откри нови детали за нападот врз Доналд Трамп

Директорката на Тајната служба поднесе оставка поради атентатот на Доналд Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Камала Харис обезбеди доволен број делегатски гласови за номинација и над 80 милиони долари за само 24 часа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта