Трамп: Курдите не ни помогнаа во Нормандија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги сака Курдите, но исто така истакна дека Курдите не им помогнале на Американците во Нормандија.

На прашањето за повлекувањето на САД од Сирија каде Курдите беа оставени на милост и немилост на турската офанзива и за можноста Американците да формираат сојуз со Курдите, американскиот претседател одговори дека Курдите „не им помогнале“ на САД за време на Втората светска војна и истоварувањето на Нормандија.

– Курдите се борат за својата земја. Треба да го разберете тоа. Тие не ни помогнаа за време на Втората светска војна. На пример, не ни помогнаа во Нормандија…Потрошивме многу пари за да им помогнеме на Курдите, без разлика дали за муниција, оружје или парична помош. Тоа значи дека ги сакаме Курдите, заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД