Трамп: Ќе знам за две минути дали можам да постигнам договор со Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе разговара и со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но рече дека се „уморени“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Додаде дека има „многу добри“ односи со европските лидери, шегувајќи се дека „има многу од нив, но тие се потпираат на мене“.

„Ќе разговарам со европските лидери, ќе разговарам со претседателот Зеленски. Сакам да ги слушнам идеите на сите. Одам на состанокот целосно подготвен и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека се можни две работи – може да биде добар состанок и ќе одиме чекор понатаму и ќе постигнеме договор. Би сакал да видам многу, многу брз прекин на огнот, веднаш. Се надевам дека ќе постигнеме голем успех“, рече Трамп.

Објаснувајќи го својот план за завршување на војната, тој рече: „На крајот, ќе ги ставам во иста просторија, без разлика дали сум таму или не, и мислам дека ќе се среди.“

На прашањето дали може да замисли враќање на нормалната трговија со Русија, тој одговори: „Можам. Русија има многу вредно земјиште и ако Владимир Путин би се одлучил за бизнис наместо за војна, тоа би било можно.“

На прашањето дали Зеленски ќе биде на состанокот во петок, Трамп рече: „Би рекол дека може да дојде, но бил на многу состаноци.“

Тој додаде: „На состанокот со Путин, веројатно во првите две минути, точно ќе знам дали може да се постигне договор или не.“ На прашањето зошто е толку самоуверен, тој одговори: „Затоа што тоа го правам. Склучувам договори.“

Би можело да ве интересира

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пропаднаа преговорите: Американците си заминаа, Иран обвинува за неразумни барања

Стармер со критика: Семејствата страдаат поради политиките на Трамп и Путин

Трамп му постави нов ултиматум на Иран: Ги полниме бродови со муниција ако мировните преговори не успеат

Горан Наумовски