Трамп размислува да го замени Тилерсон и на негово место да го постави шефот на ЦИА

Од:

Белата куќа размислува да го замени државниот секреатар Рекс Тилерсон и на неговот место да го постави шефот на ЦИА, Мајк Помпео, соопштија американските медиуми.

Медиумите пишуваат дека Тилерсон е во нарушени односи со претседателот Доналд Трамп поради несогласувања во надворешната политика на земјата и наводно Тилерсон рекол дека Трамп е „морон“.

Помеѓу останатото, тие двајца имаат различни пристапи и за решавање на проблемот со Северна Кореја и иранската нуклеарна програма.

Доналд Трамп во изјава за новинарите рече дека тој и Тилерсон имаат многу добар однос, одговарајќи на прашање дали се согласни во врска со Северна Кореја. Трамп рече дека има малку поинаков став за Северна Кореја од останатите.

Неименуван извор од Белата куќа за агенцијата АП изјавил дека во Белата куќа се води дискусија за промена на Тилерсон, а „Њујорк тајмс“ пишува дека Помпео ќе го замени на позицијата државен секретар.

Според медиуми до промената ќе дојде кон крајот на декември или почетокот на јануари.

Би можело да ве интересира

Основните царини на Трамп стапија на сила

Кремљ: Путин и Трамп веќе нема да разговараат по телефон

Кина го возвраќа ударот, воведува царина од 34 отсто на американски стоки

ВИДЕО: Потоп на берзите поради тарифите на Трамп, збришани 2.400 милијарди долари

Најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож во Вашингтон

Мелони: Новите американски царини за ЕУ ​​се грешка