Трамп ја укина наредбата за објавување на бројот на настрадани цивили

Од:

Американските разузнавачки служби веќе нема да мора јавно да објавуваат информации за бројот на цивилни жртви убиени за време на воздушните напади „надвор од активната воена зона”, согласно новата наредба од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вчера ја укина одредбата која ја донесе неговиот претходник, Барак Обама, јави Си-Ен-Ен.

Со наредбата, се укинува обврската на разузнавачката служба да презентира некласифициран преглед на бројот на воздушни напади секоја година, како и проценка на повредените војници и цивили за време на тие напади.

Според последниот извештај од 2017 година, американската влада спровела 54 напади надвор од воената зона во Ирак, Сирија и Авганистан, во кои загинал еден цивил.

За разлика од разузнавачките служби, Министерството за одбрана се уште е законски обврзано да поднесе сличен извештај, бидејќи одлуката за тоа е под надлежност на Конгресот. Сепак, извештајот на Министерството се однесува исклучиво на американските воени операции на места како Ирак, Сирија, Авганистан, Сомалија и Либија.

Би можело да ве интересира

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Која е втората дама на САД-според Трамп, единствената попаметна од нејзиниот сопруг

Предраг Петровиќ

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија