Трамп ја потпиша уредбата за поголеми слободи на верските организации

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја потпиша извршната уредба за верски слободи, чија цел е ублажување на забраната за политички активности на црквите и другите институции, кои се ослободени од плаќање даноци.

Британските медиуми нагласуваат дека уредбата не ги вклучува одредбите за овозможување владините агенции и фирми да ги скратуваат услугите на хомосексуалците во име на верските слободи, од што стравуваа оделни групи за заштита на граѓанските слободи и права на хомосексуалците.

-Нема веќе да дозволиме верските лидери да бидат цел, злоставувани или замолчувани, порача Трамп на церемонијата на потпишување на уредбата во Белата куќа.

Според американскиот даночен закон, на институциите кои се ослободени од плаќање данок, како што се црквите, им е забрането да учествуваат во политичка кампања или да поддржуваат некој од кандидатите за претседател.

Трамп треба да обезбеди одобрување од Конгресот на САД за да може да го укине амандманот, но тој може да и наложи на својата администрација да не го спроведува преку оваа извршна уредба.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски