Трамп ја откажа посетата на Ирска планирана за ноември

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Ирска, планирана за ноември, поради проблеми околу распоредот, соопшти денеска ирската Влада.

Белата куќа во август соопшти дека Трамп ќе отпатува во Ирска по првпат во својство на претседател како дел од потувањето за време на кое ќе присуствува на одбележувањето на стогодишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна, а кое се празнува на 11 ноември

Различни групи најавија протести поради посетата на Доналд Трамп.

– Планираната посета на американскиот претседател е одложена, рече портпаролот на ирската влада. – Американската страна посочи проблеми околу распоредот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Трамп најавува дека пет главни криптовалути ќе бидат дел од стратешката резерва на САД

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија