Трамп: Ја добивме војната

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добиле војната против Иран, додавајќи дека Иран се согласил никогаш во иднина да не поседува нуклеарно оружје.

– Сите нивни лидери се заминати. Никој не знае со кого да разговара. Но, ние всушност разговараме со вистинските луѓе, а тие толку многу сакаат да постигнат договор. Немате поим колку очајно сакаат да постигнат договор, но ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Скај њуз.

Според Трамп, иранските претставници кои разговараат со американскиот тим го прават тоа „многу разумно“.

Трамп додаде дека САД се претставени во преговорите од специјалните пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, како и од американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс.

„Другата страна сака да постигне договор. Кој не би бил во нивна кожа? Нивната морнарица е исчезната, нивните воздухопловни сили, нивните комуникации, сите нивни системи за воздушна одбрана, нивните ракети. Можете ли да наведете едно нешто што не е уништено или што функционира добро? Летаме слободно над Техеран, можеме да правиме што сакаме“, рече американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Меѓународното право е мртво во пракса

(ВИДЕО) Иран: Со ракети го погодивме носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“

Фазли: Ајатолахот Хамнеи е повреден, но е жив

(ВИДЕО) Трамп потврди: Кувајт собори три американски Ф-15

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

ВИДЕО: Иран нападна американска база во Ирак

Катерина Ѓуровски