Трамп испраќа до Конгресот предлог-буџет на САД за фискална 2021 година

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска пред Претставничкиот дом треба да го претстави нацрт-буџетот на федералната Влада за фискална 2021 година, за кој се предвидува да биде отфрлен од Долниот дом на американскиот Конгрес, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Неколку од причините за тоа се дека во својот нацрт-буџет во висина од 4,800 милијарди долари (4.8 трилиони долари) Трамп планира скратена американска помош за меѓународни програми за 21 отсто намалени средства за социјалните програми, наведуваат високи официјални лица од Администрацијата.

Буџетот предвидува издвојување средства за инфрастрктурни проекти и одбрана, и предлага штедење во висина од 2,000 милијарди долари, расходи за постоечки домашни програми.

На пример, за федералните програми за здравствена заштита Трамп предлага кратење од 130 милијарди долари, додека за социјални програми е предвидено 293 милијарди долари помалку.

Во предлог-буџетот се предвидуваат даночни и други приходи во висина од 3,800 милијарди долари и економија на расходите висока 4,400 милијарди долари во тек на 10 години.

Очекувањата се дека нацрт-буџетот е со мали шанси да биде прифатен од Претставничкиот дом, посебно поради изборната сезона.

Трамп и лани се обидуваше да скрати кај меѓународните програми за помош но се соочи со отпор во Конгресот.

Нацрт-буџетот на Трамп е за 2021 година.

Фискалната година на федералниот буџет на САД го опфаќа периодот од 1 октомври тековна до 30 септември следна година.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп